Џет-Сет
14. March 2016 - 16:43

Душан ќе се воодушеви - Еве што ќе му купи Сандра Африка за матура!

Сандра Африка се согласи да му биде партнерка за матура на Душан Вуковиќ, а веќе подготви и одличен подарок.
 
Имено, пејачката одлучила на својот млад обожавател да му купи костум за да бидат складна двојка.
-Ја прифатив поканата за матура. За да си одговараме, ќе добие од мене костум, изјавува Сандра.
 
Инаку, матурантот Душан сними видео клип во кој ја повика Сандра Африка да му биде партнерка за матурската вечер, а снимката стана толку голем хит по што таа се сложи да му ја исполни желбата.