Македонија
11. January 2017 - 12:48

Дури и опозициските новинари ги прочитаа манипулациите на Жерновски

Дури и опозициските новинари и поддржувачи ги прочитаа евтините манипулации на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски,кој вчера на својот фејсбук статус објави дека Центар била првата општина која започнала со згрижување на бездомните лица и го окарактеризира како проект на ЈП „Паркизни на општина Центар“, чиј директор е Саша Богдановиќ.

Додека од една страна Жерновски и Богдановиќ бесрамно си тераат маркетингна грбот на бездомниците, од друга страна лажат дека ова е прв Центар за бездомници.  Градот Скопје години наназад дава пари на Црвениот крст за Центарот за бездомници во Момин Поток. Ваквите манипулации на Жерновски еба препознаени дури и од опозициските новинари.

zernovski-falb640s

-Јас, како новинар кој 15 години, пишува и се грижи за сите категории на соц.загрозени луѓе во Скопје плус беспомошни животни во градов, да не зборам урбанистичка мафија, едноставно нема да ви дадам да си прибирате заслуги, сега и овде, затоа што не е во ред ! Тие не се плишани мечиња со кои може политичарите да си играат кога ќе им текне. Ако некој е заслужен за официјалниот Пункт за бездомни, кој се отвори пред осум години во Момин поток, и е под капа на Црвен крст со фин.поддршка од Градот, тоа се само новинарите. Не сте вие !, напиша на социјалните мрежи новинарката Јорданка Ивановска- Јоци.

joci-1640

Таа го прашува Жерновски зошто не се вклучиле со донации по стотици напишани текстови за веќе постојниот Пункт во Момин поток ?

-Тој е направен под стандардизирани услови од меѓународен Црвен крст. Всушност, секоја вечер со комбе ги собираат од улиците и ги носат таму. Ги знаат, бидејќи се нивни корисници, 50 на број.  Оние кои сакаат, повеќето не. Не даваат да ги влечете за рака и пикате каде ќе ви текне. Затоа што нивниот лајфстајл и матрица се поинакви од луѓето по кафеаните во Д.маало. Дојдете да ве прошетам до Момин поток и да ги чуете нивните прикаски. Ако имате стомак. Ги заболе за вас. Ниту гласаат, ниту ги интересира политика. Сакаат социјални станови. Хари за тоа се бори. Така ми рече.  Ќе им дадете ?, напиша Ивановска.

joci-2640

Со свој коментар се јави и опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, кој напиша дека храбрите индивидуални гестови како замена за институционалните брзо создаваат колективни заблуди дека приватната солидарност може да ја замени јавната. Mицковски додаде дека не е здраво да се имитираат институциите и колективитетот.

sipovits

За ваквиот став на Мицковски поддршка даде дури и претседавачот со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ кој напиша дека се’ е точно и одлично образложено.

Инакиу, пунктот за бездомни лица во Момин Поток функционира 8 години и истиот е отворен преку целата година, два пати неделно со следниве услуги- одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, дневен оброк кога лицето е во пунктот. Градот Скопје е единствената единица на локална самоуправа која има изградено и финансиски го поддржува работењето на ваков пункт.

На располагање е стационар со капацитет од 16 кревети, отворен во текот на целата година за специфични категории и во ситуации на нарушено физичко и ментално здравје до момент на опоравување. Црвен крст на град Скопје има евиденција за 148 бездомни лица на подрачјето на град Скопје, кои ги користат услугите на пунктот, додека дневно во просек пунктот го посетуваат до 45 лица.

Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1.700.000 денари, од кои 500. 000 денари ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од донации и од буџетот на Црвениот крст на град Скопје.