Македонија
5. July 2019 - 16:09

Дураку стана вицепремиер, Заев го презема креирањето политики во финансии

Садула Дураку е поставен за вицепремиер бидејќи  со неговото искуство многу  ќе придонесе во подобрување на  односите меѓу заедниците. На овој начин од Владата објаснуваат зошто Дураку покрај прв човек на новото министерство го унапредиле и во заменик на премиерот Заев. Оттаму не одговорија кои се трите најголеми достигнувања на екс министерот за животна средина и зошто токму тој е уште еден на листата  вицепремиери. Платата на Дураку биде иста како и на сите други вицепремиери во износ од  71.066 денари.        

Новата функција на Дураку според ВМРО ДПМНЕ е уште еден доказ дека најавената  метла на Заев било само театар за пред граѓаните.

Владата на вчерашната седница донела заклучок  премиерот да ги креира политиките во министерството за финансии а заменик министерката да ги преземе сите овластувања и раководењето.

Финансиите останаа без министер откако премиерот одлучи да ја реконструира Владата и го смени Драган Тевдовски од функцијата. Премиерот прво најави дека тој истовремено ќе биде и министер за финансии но потоа се повлече поради ставот на антикорупциска дека има судир на интереси.