Дураки - Перкс: Секое дете има право на здрава и чиста животна средина
За зајакнување на соработка помеѓу УНИЦЕФ и Министерството за животна средина и просторно планирање и за заедничките активности за подобрување на квалитетот на животот и овозможување здрава животна средина на децата како најранлива група во општеството разговарале денеска министерот Садула Дураки и постојаниот претставник на УНИЦЕФ во Македонија, Бенџамин Перкс.
На средбата, која се одржала во МЖСПП, Дураки и Перкс дискутирале за влијанијата од климатските промени и деградацијата на животната средина кои ги поткопуваат правата на децата, а биле усогласени идните препораки и акции кои заеднички ќе се преземат во согласност со националните и глобалните приоритети.
- Од голема важност е и подигнување на јавната свест кај децата за правото на достапност до чиста вода, справување со отпадот и уставно загарантираното право на чист воздух за сите деца, наведува МЖСПП.
Министерството во соопштение посочува дека според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1350 луѓе годишно. Децата се најосетливата група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо внесување на загадените материи во телото.
- Секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести кои најчесто се директна последица на загадениот воздух. Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Развојот на детскиот мозок е под најголем удар во првите пет години, наведува МЖСПП.
Од страна на УНИЦЕФ било истакнато дека секое дете има право на здрава чиста животна средина и дека правата на детето почнуваат со безбедно засолниште, исхрана, заштита од катастрофи и конфликти и го поминуваат животниот циклус: пренатална грижа за здраво раѓање, чиста вода, воздух и санитација, здравствена заштита и образование.
Ново на Сител
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени