-->
-->
„Дура“ почнува со изградба на фабрика во Македонија
-->
Американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во Технолошко-индустриската развојна зона кај Скопје ќе почне со изградба на производствен капацитет.
Компанијата донесе одлука да го прошири своето производство во Македонија со отворање фабрика на површина од околу 16.000 метри квадратни, а според најавите, се очекува да почне со работа следното лето. Планирано е да бидат вработени околу 500 лица.
Иницијално, производството во Македонија ќе вклучува екстериерни алуминумски лајсни и кровни носачи за европските производители на автомобили.
Новата инвестиција ја најави и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој во Велес за време на викендот, изјави дека за само 10 месеци се почнати 16 инвестиции за разлика од последните седум-осум години кога се направени 20.
На поставувањето на камен-темелникот најавени се обраќања на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Александар Младеновски.
Фабриката во Македонија ќе биде 37-та инвестиција на „Дура“ во светот и 16-та во Европа. Компанија „Дура“, со седиште во Мичиген, е основана во 1914 година и вработува повеќе од 9.400 лица во 14 земји во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас