Бизнис
6. February 2020 - 11:01

„Дура Аутомотив Системс“ ќе гради две фабрики во ТИРЗ

Две нови фабрики на автомобилската Дура ќе се градат во Технолошко индустриската зона во Скопје. 
 
Двете инвестиции се во вкупна вредност од 68 милиони евра, а по 5-годишниот инвестициски циклус ќе се вработат околу 1.000 работници. Во фабриките ќе се произведуваат компоненти за водечките автомобилски компании.
 
Според министерот за економија, токму ваквите инвестиции се доказ дека Планот за економски раст им дава предвидливост и транспарентност на инвеститорите во Македонија.
 
- Денес сите компании пред да одлучат да инвестираат знаат приближно колку ќе бидат поддржани од државата, рече Бектеши, додавајќи дека ваквите инвестиции ќе го намалат бројот на млади кои сакаат да се иселат од државата.
 
Опративниот директор на компанијата, Мајк Бекет вели дека одлуката фабриките да се градат во Скопје се донела по разгледување на сите опции во Европа.
 
Даниел Василев