Македонија
7. March 2018 - 18:08

Дупки на патот Струга - „Ќафасан“, се препорачува внимателно возење

На патниот правец А2 Струга - граничен премин „Ќафасан“, од бензинската пумпа КМР до местото Добра Вода - с. Франгово, во должина од три километри, се препорачува крајно внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот.

Како што информира АМСМ, поставена е патна сигнализација, а брзината е ограничена на 30 километри на час.