Македонија
14. April 2021 - 21:15

Дупката во фонтаната на плоштадот Македонија се уште зјае отворена

Среде плоштад наместо фонтана отворен кратер. И по две недели откако пропадна возилото на јавното претпријатије Комунална Хигиена во подната фонтана, штетата не е санирана. Отворот во фонтаната е заштитен само со неколку полуискинати ленти што само ја зголемува опасноста за минувачите.

Кога ќе биде поправена дупката и колку ќе чини санацијата засега нема информации. Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека пандемијата влијае директно  и на поправката.

Од град Скопје велат дека додека да се поправи фонтаната , деновиве привремено ќе го уределе просторот на плоштадот.

Инаку не е прв пат возило да пропадне во подната фонтана на градскиот плоштад. Пред речиси 4 години пропадна камион додека се подготвуваше бина. Вината беше лоцирана кај возачот на камионот.