Македонија
8. January 2021 - 17:28

Дуќанџиите од ТЦ ,,Глобал‘‘ поделени во 3 групи во завинсност од претрпената штета од пожарот

Започна евидентирањето на штетите предизвикани од големиот пожар во трговскиот центар Глобал. Евиденцијата на опожарените дуќани и стоката во нив ја прават економските оператори во корелација со основното јавно обвинителство и полицијата. Поделени се во три групи, во зависност од претрпената штета.

Предизвиканата штета е огромна, но во оваа фаза од постапката никој неможе да ја процени нејзината вредност. Нови информации од истрагата нема. И денеска од обвинителството информираа дека се води опсежна истрага и се работи интензивно.

Интензивни активности на терен имаат и екипите кои работат на расчистување на опожарените делови. За два дена колку што трае акцијата биле исфрлени околу триста тони најразличен отпад.

Од опозицијата повторно побараа одговори за случајот, но и одговорност. На оштетените во пожарот понудија бесплатна правна помош.

Во пожарот кој избувна пред шест дена изгоре дел од грaдскиот пазар во трговскиот центар Глобал, опожарени се повеќе дуќани на од приземјето до вториот кат, а оштетувања има и на кровот