Македонија
12. јуни 2020 - 14:42

Дука: Поради непочитување на мерките повторно имаме новозаразени

Епидемиолошката состојба, како на ниво на држава, така и во нашата општина, според официјалните бројки не е добра, бидејќи бројот на новозаразени постојано расте. Од вкупно новозаразените на ниво на држава во последното деноноќие, три лица се од Дебар, оцени денеска градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

– Поради непочитување на превентивните мерки од страна на граѓаните имаме повторно појава на заразени во нашата општина. Тоа се случи по еден подолг период, во кој нашата општина се сметаше за зелена зона. Засега состојбата е под конторла, но како што оди трендот и очекувањата во следните денови ќе имаме појава на споравични случаи со Ковид-19, рече Дука.

Додаде дека трите позитивни случаи се од земените осум брисеви во понеделникот, додека за сеумте брисеви земени во вторникот сеуште се чекаат резултати. Резултати се очекуваат и од вчерашниот скрининг на вработените во детската градинка, со кој беа опфатени 69-те вработени во оваа установа.

Дука апелираше до граѓаните доследно да ги почитуваат превентивните мерки.

Со последните три нови случаи, вкупната бројка на заразени во Дебар се зголеми на 56. Од нив, две лица се од Центар Жупа, кои беа и првозаразени. Од вкупната бројка, 47 се оздравени, четворица починати, а активни на болеста се пет лица.