Бизнис
2. November 2015 - 19:46

Дуинг бизнис веќе носи нови инветситори - По објавувањето на извештајот голема компанија најавила посета на земјава

Дуинг бизнис веќе носи нови инвеститори во земјава. По објавувањето на извештајот на Светската банка која ја рангираше земјава на високото 12 место во светот, една голема компанија најавила посета на Макеоднија. Досега компанијата ја разгледувала земјава како опција за инвестирање во конкуренција со други земји, а сега менаџментот ќе дојде во посета за да ги скенира условиоте за водење бизнис.

Дуинг бизнис извештајот е посебно важен за малите економии како македонската. Најчесто, тој е првиот извор од кој компаниите добиваат информации за условите за водење бизнис. Фактот дека го издава Светската банка му дава голема релевентност во деловнито свет.

Од вкупно 189 земји во светот, Македонија е на врвот на листата според условите за водење бизнис. Директорката за Југоисточна Европа на Светската банка Елен Годстејн  ја земја земјава за пример. Во интервју за тиранската телевизија Топ-чанел и препорача на Албанија да се огледа на Македонија при реформите во економијата и создавањето бизнис клима.

Повеќето балкански земји се некаде на средината на светското подредување на економиите и тоа не е доволно. За да бидеш светска дестинација за инвестиции, треба да бидеш една од најдобрите. Од оваа гледна точка многу интересно е да се види вашиот сосед Македонија, која оваа година е рангирана 12-та во светот и постојано е меѓу 25-те или 30-то први земји во светот. Ова е еден стандард кој може да го постигне секоја земја на Балканот, доколку ги забрза реформите. Огледајте се на Македонијa, изјави Голдстејн.