Бизнис
28. October 2016 - 19:32

Дуинг бизнис ќе донесе нови странски инвестиции и ќе отвори нови можности за домашните компании

Рангирањето во Извештајот Дуинг бизнис, може да се очекува дека ќе донесе нови инвестиции во земјата. Странските компании кога бараат држава каде да ги инвестираат парите, секогаш ги  земаат в предвид извештаите на реномираните инстутиции. Високото 10 место во светот не стави на мапата на потенцијални инвестициски земји  каде е лесно водењето бизнис

- Извештајот е приказ за компаниите кои не ја познаваат земјата, како тие би воделе бизнис доколку дојдат тука во Македонија во споредба со оние земји каде веќе инвестирале и како ние се споредуваме во регионот. Секоја компанија прави многу длабински анализи, пред воопшто да дојдат во Македонија, ги добиваат сите информации од извештаите како Дуинг бизнис, потоа анализираат три до четири земји каде што ќе дојдат и директно во разговор со други постоечки компании за нивното искуство носат одлука, изјави Виктор  Мизо, директор на ТИРЗ.

Рангирањето е добра препорака и за домашните компании кои се извозно ориентирани. На овој начин тие можат полесно да се позиционираат на меѓународниите пазари

- Ако до пред некоја година за Република Македонија имаа многу малку земји слушнато, сега сме на мапата поставени, не само како дестинација за инвестирање, туку и како дестинација каде функционира системот и каде може да се најдат македонски компании кои може да ги извршуваат обврските конкурентно и согласно стандарди. Даноците можат да бидат и најниски на свет, ако вие сте несигурни каде одите, никој не би инвестирал таму. Затоа е значаен извештајот Дуинг бизнис, вели Данела Арсовска, претседател на Сојуз на Стопанските Комори

Извештајот кој го подготвува Светска банка зема во предвид десеттина индикатори, меѓу кои и  мислењата на компаниите кои веќе работат во земјата, односно, покрај законската регулатива се зема в предвид и како таа регулатива фунсционира во пракса.