ДУИ: Заокружете го бројот 3 за сигурнa иднина
На последниот ден од кампањата, пред вториот круг од локалните избори, уште денес ќе нѐ слушате нас, политичарите, кандидатите, и политичките партии, а веќе од утре вие одлучувате. Од утре зборот го имате вие, гласот се сели кај вас.
Ова е одлика и придобивка на демократијата. Можноста со вашиот глас вие да одлучите за тоа кој ќе ги предводи општините, кои ќе бидат луѓето на кои ќе можете да се потпрете, кои ќе бидат претставници на политичките партии на кои ќе можете да се пожалите.
Ние, како политички чинител се одлучивме за широка, информативна и компетитивна кампања во која граѓаните добија вистинска слика за сите понуди.
За нас ова се едни од најуспешните избори. Покрај резултатот, ние сме горди што Зелената агенда се наметна како задолжителен политички наратив во целото општество.
Граѓаните треба да знаат дека во недела имаат избор околу една јасна понуда и концепција од една страна, и сѐ уште несфатлива коалиција со нејасна идеолошка и политичка цел од друга страна. Ние и нашата широка коалиција имаме јасна идеологија, идеологија која е добар избор. Избор кој што обезбедува гаранција за зелената агенда во нашите општини и гаранција за нејзиното наметнување длабоко во сите општествени текови.
Изминативе четири години видовме што значи рамноправен развој во цела држава, без разлика дали во одредени региони живеат Албанци или Македонци, дали живеат Турци, Роми, Бошњаци, Срби или Власи.
Затоа, во недела, на 31 октмври излезете масовно и гласајте за подобра иднина. Заокружете го боројот 3, бидејќи гчасот за кандидатите на дуи е глас за иднината, глас за подобар животен стандард на граѓаните.
Демократска унија за интеграција
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти