Македонија
31. January 2016 - 10:02

ДУИ: Слободни и фер избори на 24 април

Слободни и фер избори на 24 април кои треба да резултираат со создавање на стабилна и доследна Влада, е ставот на Демократската партија за интеграција (ДУИ) во врска со датумот на одржување на парламентарните избори во државата содржан во генералните заклучоци на Генералниот совет на партијата објавени синоќа. 

- Придонесот за една сигурна и позитивна атмосфера е неопходна за организирање слободни и фер избори на 24 април 2016 што треба да резултира со создавање на стабилна и доследна Влада за да има можност меѓу другото да се соочи со Евроатлантските интеграции, спорот со името, меѓусоседските и меѓуетничките односи, отчекувањата и препораките на Европската Комисија, на самитот на НАТО во јули и бегалската криза на Блискиот Исток, се наведува во заклучоците на партијата. 

Овој став на вчерашната седница го изнесе и лидерот на партијата Али Ахмети. Тој, меѓудругото, рекол и дека се што е постигнато, е постигнато со целосна согласност меѓу четирите политички партии и меѓународната заедница, вклучувајќи го и датумот, 24 април. Овој датум ќе биде најприфатлив за граѓаните, затоа што, рече Ахмети, во јуни ќе се одржи Самитот на НАТО во Варшава.

- Имаме проблем со името и за зачленување во НАТО треба да се преговара, ако датумот се помести, ќе го изгубиме самитот на НАТО. И не можеме да прифатиме друг датум, бидејќи нашиот електорат го чека и постење, во јуни се рамазанските пости, рече Ахмети.

Генералниот совет на ДУИ бара ДИК во најкус можен рок да ги формира сите изборни структури на сите нивоа и да ја подготви платформата и стратегијата за избори.

ДУИ смета дека продолжувањето на дијалогот меѓу политичките партии со меѓународно посредување за целосно спроведување на обврските кои произлегуваат од Договорот од Скопје остварен од 2 јуни 2015 година и дополнет на 15 јули 2015 година е неопходен и без алтернатива. Проценува дека главните столбови на Договорот од Скопје, значително се спроведуваат. Апелираат до сите политички партии во земјата да се однесуваат одговорно во периодот што следи, така што во најкраток рок да се затворат и преостанатите отворени прашања кои произлегуваат од Доворот во Скопје за да се овозможи сигурни, фер и демократски избори, во согласност со очекувањата на меѓународната заедница.

ДУИ бара од надлежните институции надлежни за владеење на правото итно да ги преземе сите мерки за да се расветли докрај случајот "Фабрика за афери" и да ги изведат пред органите на правдата нарачателите и извршителите на измислени клевети и фабрикувани афери. 

Во заклучоците од вчерашниот сопстанок исто така се апелира до сите членови на партијата и до сите граѓани да не подлегнуваат на навредите кои, како што стои, ја контаминираат јавноста и ги повикува во периодот кој следи да бидат по внимателни кон ваквите навреди и монтирањата кои имаат за цел да ги оцрнуваат личностите на ДУИ и внесуваат поделби помеѓу членството на партијата.