Македонија
17. February 2017 - 17:39

ДУИ реши да ја преземе иницијативата за нова влада, и Ахмети прати свој предлог за двојазичноста до СДСМ

Заев чека потписи, Ахмети двојазичност. ДУИ го врати на Бихаќка предлог законот за употребата на албанскиот јазик, надграден и проширен.

Според медиумите кои известуваат на албански јазик, Ахмети по консултациите со лидерите на останатите политички партии до СДСМ испратил предлог кој според неофицијалните информации, предвидува промена на Уставот.

Дали се точни овие информации или инсталирањето на двојзаичноста ќе се направи обид да се протне преку закон за кој треба апсолутно мнозинство, во Мала Речица денеска никој не открива.

Од СДСМ потврдија дека го примиле документот, но не открија повеќе детали.

За експертите обидите на албанските политички партии да ги протуркаат своите барања спротивно на волјата на мнозинството македонски граѓани ќе завршат без успех, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ, едноставно нема да гласа за промена на Уставот, а ако има потреба, евентуален закон би се пресретнал и со огромен број амандмани, нешто што на ДУИ и е добро познато. Ако се јави потреба не се исклучува ниту можноста евентуалното законско решение да  биде оспорено и пред Уставниот суд.

И лиедрот на ВМРО-ДПМНЕ во своето последно интервју беше прилично јасен дека без разлика, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во опозицијата или не, измените во оваа област, нема да поминат во Собранието

Последниот развој на настаните го отвора прашањето, што се случи со останатите точки од платформата на Албанците и дали околу нив е постигнат некаков договор.

Албанските политички партии покрај двојазичноста, за влез во коалиција кој што би довела до нова Влада, меѓу другото бараат и промена на знамето, химната и грбот и ослободување од затвор на етнички Албанци осудени за најтешки кривични дела.

Дали овие позиции од  платформата биле прифатливи за функционерите на Бихаќка, се уште не се знае со оглед на тоа дека детали од преговорите, се уште не се откриваат.