ДУИ: Признавањето на МПЦ – Охридската Архиепископија ја зајакнува регионалната стабилност
Демократската Унија за Интеграција ја поздравува одлуката на Вселенската Патријаршија за признавање на Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија во литургиското и канонското општење.
Во оваа прилика им изразуваме искрени честитки на сите православни верници во нашата земја за оваа долгоочекувана одлука, која им дава еднаков статус на верска проповед со сите православни верници во светот.
Од исклучително значење за иднината на државата е што се решава уште еден повеќегодишен спор. Оваа одлука ги зајакнува темелите на стабилноста во регионот и ги афирмира вредностите на меѓуверска почит и толеранција.
Демократската Унија за Интеграција смета дека хоризонтот на помирување меѓу народите е отворен и на овој пат кој цели кон заедничката европска иднина на целиот регион мора да се продолжи со носење на храбри одлуки и да преовладува рационалноста над штетните изолирачки недоразбирања.
Демократска унија за интеграција
Ново на Сител
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
-

Уапсен сопственикот на ФК „Башкими“
-

Иран соопшти дека не е планирана нова рунда преговори со САД
-

Децата на спортски настан кај претседателката Сиљановска Давкова, им порача да ги вежбаат телото и умот
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
