Македонија
24. August 2017 - 9:23

ДУИ повторно ќе го кандидира Фатмир Дехари за градоначалник на Кичево

Актуелниот градоначалник Фатмир Дехари, повторно ќе биде кандидат на ДУИ за прв човек на општина Кичево на претстојните локални избори.

Одлуката е донесен вчера на состанок на кичевскиот огранок на ДУИ со лидето на партијата Али Ахмети. Кандидатурата на Дехарија е поддржана од сите 35 локални совети и другите локални партиски форуми, соопшти ДУИ.

Носител на листата на ДУИ за општинскиот совет ќе биде Аќиф Медиу, за шеф на изборниот општински штаб е назначен Адем Карага, за за портпарол на кампањата Фатмир Лимани.

Оценувајќи ја досегашната работа на кичевската локална власт, од состанокот е упатен апел до сите субјекти и други заедници во Кичево, заедно со кичевската дијаспора, да ја поддржат кандидатурата на Дехари, соопштуваат од ДУИ.