ДУИ повикува на масовна излезност на граѓаните на изборите
Портпаролот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Бујар Османи денеска на прес-конференција изјави дека партијата повикува на помасовен излез на граѓаните на изборите на 11 декември затоа има директна изборна кампања, со брзо и точно информирање на граѓаните.
- Петнаесет илјади активисти на ДУИ, организирани во групи, го посетуваат секој дом и секое семејство, за да ги информираат граѓаните да бидат дел од заокружувањето на оваа мисија почната со војната во 2001 година, која треба да заврши со три цели, економска благосостојба, целосна рамноправност и завршување на интеграциските процеси, изјави Османи.
Портпаролот на ДУИ рече дека досега е направен голем напредок во насока на официјализирањето и употребата на албанскиот јазик во сите институции.
Според портпаролот на ДУИ платформата на партијата содржи пет ветувања кои не се само појдовни точки за преговорите за идната влада туку услови.
ДУИ, рече Османи, го поддржува ставот на министерот за животна средина Башким Амети за затворање на комбинатот „Југохром“ од Јегуновце.
- Силно го поддржуваме Амети да продолжи со неговата политика за заштита на здравјето на граѓаните. Се разбира дека имаме разбирање и за вработените, затоа и ги покануваме компаниите и институциите да направат пакет за заштита на овие граѓани, додека компанијата да ги постави филтрите и повторно да започне со работа, рече Османи
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација