ДУИ: Политичките партии не можат да разговараат за наследник на Јанева
Не е работа на Собранието или Владата да одредуваат прв човек на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција што треба да го наследи СЈО, туку на Советот на обвинител, коментира пратеникот на ДУИ Артан Груби за предлогот на премиерот Зоран Заев обвинителката Вилма Рускоска да ја замени специјалната обвинителка Катица Јанева.
-Не е работа на политичките партии да навлегуваат во кадровски решенија за нов обвинител. Кога тоа го направија пред 4 години, гледаме сега што излезе. - додава Груби.
Тој од името на ДУИ порача дека партијата го смета новиот закон како добра основа за компромис кој треба да се постигне со парламентарна дебата. Главно се задоволни од решенијата за трансформацијата на СЈО во редовното државно обвинителство.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Албанија ги почнува преговорите со ЕУ, Македонија останува во европската чекална
-
Бугарските политичари го поздравуваат раздвојувањето на Македонија и Албанија
-
Мицкоски за одлуката на Брисел: Ова е диктат, не дозволувам двојни стандарди врз грбот на Македонија
-
Гаши тврди нема ингеренции за бранителите, се било во доменот на Илире Даути
-
Нови цени на 2.500 производи – викендов стартува Законот за нефер трговски практики
-
Одлуката на Уставен ќе ги седне на маса Владата и здруженијата против присилна наплата на долгови
-
Долгот во здравството намален за 2 милијарди денари
-
Инспектори од други градови ќе ги ловат загадувачите во Скопје