Македонија
6. April 2017 - 16:44

ДУИ не се откажува од дебата за промена на знамето, химната и грбот на Македонија

ДУИ не се откажува од дебатата за промена на знамето химната и грбот на Македонија. Ваквиот став, вчера директно на потпретседателот на СДСМ му го соопшти пратеникот на ДУИ, Артан Груби

Од ВМРО-ДПМНЕ и вчера потенцираа дека СДСМ се уште молчи за платформата а недостасува и осуда од Бихаќка за скандалозните изјави на политичари од Македонија и Албанија.

Николовски рече дека однесувањето на СДСМ може дополнително да ја комплицира состојбата во Македонија и го повтори партискиот став дека најдобро и најбрзо решение за актуелната ситуација е одржување на нови предвремени избори