Македонија
21. February 2016 - 12:08

ДУИ ќе даде отчет за досегашните постигнувања

Демократската Унија за интеграции денеска во Гостивар ќе даде отчет за работите што ги презема за добробит на албанските граѓани, соопштија денеска од партијата.

Оттаму информираат дека над 1.000 проекти се реализирани во последните две години и оти тие денеска ќе бидат презентирани пред граѓаните на митинг што ќе се одржи во Спортската сала во Гостивар.