Македонија
29. October 2017 - 20:05

ДУИ: Изборите демократски, граѓаните слободно ја изразија својата волја

Оценката на ДУИ  е дека изборите беа демократски, а граѓаните слободно ја изразија својата волја, изјави шефот на изборниот штаб на партијата Арбр Адеми по затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори.
 
- Владата на Република Македонија покажа демократски капацитети за организирање демократски избори. Гласањето веќе е затворено и процесот на броење на гласовите е започнат, рече Адеми. 
 
Додаде дека кога партијата ќе ги има првите резултати, ќе ги сподели со јавноста.