Македонија
11. November 2015 - 16:24

ДУИ и ДПА различно гледаат на извештајот

Лидерите на албанскиот политички блок со поделени мислења за извештајот. Откако го примија документот од ЕК од евроамбасадорот Аиво Орав, Ахмети рече дека е задоволен што и оваа година е добиена препорака. Според лидерот на ДУИ извештајот е огледало на состојбата во државата и претставува обврска за институциите да дејствуваат во согласност со очекувањата од Брисел.

– Али Ахмети претседател на ДУИ -  Системските реформи мора да се спроведат, но истовремено, политичките партии во Македонија, со помош на меѓународната заедница, треба да ја разгледат можноста за надминување на најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија, решавањето на спорот околу името со нашиот јужен сосед. Овој процес ќе влијае позитивно и на меѓуетничките односи, односите со соседите, но, исто така, ќе го поттикне економскиот развој, странските инвестиции и отворањето на нови работни места, истакнал Ахмети.

За Тачи извештајот е многу мек, тој смета дека ЕК повторно на Македонија и прогледала низ прсти.

За  претстојните избори Ахмети смета дека е потребно сите политички субјекти да се обидат да се добие подобар резултат кој нема да биде оспоруван . СПоред Тачи ДПА ќе продолжат да бидат конструктивни и во ниту еден случај нема да оневозможат имплементација на одредбите од договореното.