Македонија
3. October 2018 - 17:47

ДУИ и БЕСА не размислуваат за избори, ВМРО-ДПМНЕ ги свика Извршниот и Централниот комитет на партијата

Иако предвремени брзи избори какви што најави Заев се’ се поизвесни имајќи пред вид дека засега нема пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се изјасниле за уставните измени од преспанскиот пакет, владините ДУИ и БЕСА не размислуваат на оваа опција. За нив засега единствено решение е да се обезбедат 81 пратеник и да се спроведе договореното со Грција. Референдумот го сметаат за успешен бидејки досега ниту една политичка опција или политичар не добил поддршка од шестотини и десет илјади избирачи.

Од ДУИ велат дека во пакетот уставни амандмани тие нема да имаат свои предлози иако во минатото имаат такви, со цел да с еубрза процесот.

„Ние сме подготвени за избори кога и да се одржат. Но, во моментот сметаме дека главниот фокус треба да биде во Собранието за да се усвојат уставните измени и да се имплементира догворот“, велат и од Беса на Гаши.

И тие нема да имаат амандмани надвор од Договорот со Грција. Речиси извесно е дека ако процедурата дојде во Собрание, Села е тој кој би ја искористил за поднесување на свој амандман за албанскиот јазик како втор државен јазик, нешто тој го најави уште пред повеќе од еден месец. Тоа може дополнително да ги закочи уставните измени од преспанскиот пакет.

2/3 мнозинство во парламентот засега се единствениот фокус по референдумот, велат офицајално од Владата.

Сепак, конечната одлука: преговори со ВМРО-ДПМНЕ или избори, ќе ја донесат Извршниот и Централниот одбор на партијата.  Таму мислењата се поделени, но доминира ставот дека треба да направат обиди да се придобијат пратеници од опозициската партија.

И ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот комитет ќе ги дефинира следните чекори по неуспехот на референудумот во неделата. Мицкоски најави дека по консултациите со пратеничката група и партиските тела, ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука во врска со понудата на Заев.

Иако се прв избор на власта, конкретните уставни измени се уште не се изготвени туку се во првична верзија во форма на описен текст. Министерката за правда Дескоска појаснува дека ако се обезбеди потребнотот мнозинство во парламентот допрва ќе се одлучува која институција ќе ја преземе одговорноста да ги изработи измените, иако за нив најупатени се преговарачите.