Македонија
18. February 2017 - 19:49

ДУИ и Aлијансата на албанците ќе подготвуваат предлог-закон за употреба на албанскиот јазик

Работна група од Платформата на албанските политички партии ќе го изготви законот за употреба на албанскиот јазик.. Ова е заклучокот од денешната средба меѓу претставниците на партиите од Алијансата на албанците и ДУИ.. Зијадин Села тврди дека законот за употреба на јазиците бил единствена тема на разговорите со Ахмети.. Вели дека албански парламентарни партии заеднички ќе го изработат предлог законот за употреба на албанскиот јазик..

Освен усогласување за употребата на албанскиот јазик, Села не ја отфрла и можноста за отворање на уставот за други прашања..Неофицијално пак уставни измени најавува и СДСМ..

Според пишувањата на дел од албанските медиуми, во преговорите меѓу заев и ахмети, лидерот на СДСМ прифатил измени на грбот, знамето и химната.. Сепак за ова нема потврда од политичките партии кои ги водат преговорите..

Инаку По завршувањето на денешната средба на партиите од албанската платформа, лидерот на ДУИ не сакаше да одговори на прашањата од новинарите.. во разговорите пак не учествуваше Движењето БЕСА..