Македонија
30. January 2019 - 18:18

ДУИ го свика партиското претседателство - ќе имаат свој кандидат за претседател?

Членовите на највисокото раководство на ДУИ во моментов заседаваат во партиското седиште во Мала речица во Тетово.

Претседателството треба да донесе одлука дали со свој кандидат ќе настапат на претстојните претседателски избори или сепак ќе одат на опцијата за заеднички – консензуален со СДСМ, коалициониот партнер во власта.

Вечерва партијата треба да донесе и одлука за можноста да се оддржат предвремени парламентарни избори.

Деталите од состанокот гледајте ги во живо од Тетово во дневникот на Сител во 19:00 часот.