ДУИ го поздравува освојувањето на петтиот пакет економски мерки
Демократската Унија за Интеграција го поздравува усвојувањето на 5-от пакет економски мерки што Собранието на вчерашната седница го одобри по неколку месеци одложување поради блокадата од страна на опозицијата со поднесување на илјадници амандмани. Почнувајќи од денес, граѓаните ќе придобијат од мерките на 5-тиот економски пакет, каде на нивните сметки ќе бидат уплатени платите за месец Февруари и Март, а компаниите ќе можат да аплицираат за овие мерки до 30 април.
Демократската Унија за Интеграција како политичка партија ги поддржува сите законски иницијативи и проекти кои се во интерес на граѓаните, вклучувајќи го овде и инсистирање на усвојувањето на законите од 5-тиот пакет економски мерки преку кои финансиски се подржуваат над 60.000 граѓани и компании.
Причините за одложувањето на усвојувањето на законите што произлегуваат од овие економски пакети се веќе јасни, опозицијата со своето отсуство го држеше во заложништво кворумот во собранието со цел да не се одржи седницата.
Отсуството на двајцата претседатели на албанската опозиција во моментот на гласањето на законите од 5-от пакет економски мерки јасно покажува дека тие се насочени кон дневно политички поени, а не се посветени на луѓето од кои и ги добиле гласовите.
По одобрувањето на 4-тиот и 5-тиот пакет, се подготвува и 6-тиот пакет на економски мерки, во кои ќе бидат вклучени субјекти кои беа затворени во последните 14 дена и ова се очекува да биде на дневен ред на следната седница на Владата, каде што во 6-от пакет ќе има десетици мерки кои компаниите ќе можат да ги искористат за да се опорават од загубите предизвикани од пандемијата Ковид-19.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка