Македонија
11. December 2016 - 20:05

ДУИ: Фер, слободни и демократски избори со мали нерегуларности

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вечерва по завршувањето на гласањето изјави дека предвремените парламентарни избори биле слободни, фер и демократски со мали нерегуларности кои не влијаат на конечниот резултат на изборите.

- Овој начин на гласање ДУИ го смета како прва нејзина победа, бидејќи секогаш кога ние сме на некој начин организатори на изборите преку учество во владините институции покажуваме како се организираат избори, овозможуваме граѓаните на достоинствен начин и слободно да ја изразат својата волја. Останува сепак најважната фаза од изборите, а тоа е пребројувањето на гласовите, рече Османи.

Од ДУИ апелираат до сите нивни активисти и набљудувачи во изборниот процес, но и до сите граѓани да останат достоинствени и во оваа важна фаза од изборите.

- Во моментот кога ќе имаме резултати ќе бидат објавени, рече портпаролот на ДУИ додавајќи дека тие очекуваат, како што рече, длабока победа на денешните избори.