Ракомет
25. October 2016 - 19:48

Дуелот со Цеље е испит за нашата млада екипа

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург во групата од Лигата на шампионите има две победи (дома) и три порази (гости), а следен за оваа екипа е дуелот од СЕХА лигата дома со словенечкиот тим Цеље. Повредите и на овој натпревар ќе го одредат составот и тоа кој колку минути ќе игра за тимот од Автокоманда.
 
На денешниот прес тренерот на Металург Лино Червар напомена:
 
- Со Монпеље бевме ослабени поради неиграњето на Немања Обрадовиќ, Немања Младеновиќ и Милош Драгаш, за дуелот со Цеље во ротација ќе го имаме и Вања Илиќ кој тука има право на настап. Без ротација одиграме добро само едно полувреме. За нас ниту еден дуел не е лесен. Цеље е незгодна екипа која негува брз ракомет, а најдобри се во транзицијата и тоа ќе биде вистински испит за нашата млада екипа.
 
Натпреварот од СЕХА лигата Металург - Цеље се игра во четврток со почеток во 17:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“ (ВИП Арена).