Фудбал
4. July 2016 - 13:07

Дуелот Франција-Исланд најпосетен на еврошампионатите

Четвртфиналниот дуел Франција- Исланд собори неколку рекорди на Европските првенства но најзначаен е тој што вчерашниот натпревар стана најпосетен во досегашниот тек а првенството, бидејќи натрибините беа сместени 76833 навивачи, со што е соборен рекордот од осминафиналниот дуел меѓу Шпанија и Италија, која ја посетија 76165 навивачи.

Францијаго победи  Исланд, со резултат 5:2 со што овој натпревар стана најрезултативен во досегашниот тек на ЕП во Франција.
 
Франција стана прва репрезентација во историјата на ЕП, која постигна четири гола во првото полувреме во плеј-оф натпреварите.
 
На оваа средба се постигнати најмногу голови од 25 јуни 2000 година, кога на средбата Холандија – Југославија се постигнати исто така 7 гола (6:1).
 
Вчерашната средба го дели второто место според бројот на постигнати гола за целата историја на европските натпреварувања. Повеќе голови се постигнати само на средбата меѓу Франција и Југославија во 1960 година, 4:5.
 
Франција стана прва земја што по вторпат постигнува по пет гола на средба во историјата на европските првенства. Првпат тоа и појде од рака во 1984 година на средбата против Белгија.
 
Исланд е првата земја што со ист стартен состав ги одигра сите средби на европското првенство.