Loading Video...
Ракомет
26. January 2019 - 14:56
Дуели за пласман од 5 до 8 место на СП, утре Данска и Норвешка во борба за златото
Последни два дена на Светското машко ракометно првенство што се одржува во Герамија и Данска
Денеска на програмата се дуелите за пласман од 5 до 8 место.
Во дуелот за 7-мата позиција на Мундијалот разигруваат Шпанија и Египет (17:30 часот)
Во вечерниот термин (20:30 часот) Хрватска и Шведска ќе се борат за петтото место.
Утре, на последниот ден од првенството ќе се играат дуелите за медал.
Во утешното „мало финале“ за бронзата ќе се борат ко-домаќинот Германија и светскиот првак Франција кои вчера, во полуфиналните дуели загубија од Данска и Норвешка.
Скандинавското дерби, односно дуелот за шампионскиот трофеј ќе се игра од 17:30 часот, а претходно (од 14:30 часот) е средбата за третото место.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->