Македонија
2. July 2020 - 16:45

ДСЗИ врши испитува дали во ургентните центри има случаи на труење од скопската сендвичарница

Државниот здравствен и санитарен инспекторат по допрен глас влезе во Ургентните центри за да ги провери наводите за труење во скопската сендвичарница Гранд Бургер. Центарот за јавно здравје се уште нема пуштено официјална пријава.

Инспекторатот проверува колку пациенти се пожалиле на симптоми на труење откако јаделе во оваа сендвичарница. Оттаму велат дека постапуваат по објавите во медиумите, но добиле и неколку мејлови со претставки од граѓани.

Случајно или не, од Центарот за јавно здравје денеска ниту креваат телефон, ниту одговараат на СМС пораките.

Во меѓувреме, 18-годишниот Давид Илиевски за Сител ја раскажува голготата низ која поминувал 5 дена, откако заедно со другар во неделата вечерта јаделе хамбургер со помфрит. Веќе следниот ден, тој завршил на Токсикологија.

-Сабајлето кога се разбудив, се разбудив со 39 температура, со страшни тегобии во стомакот, како грчеви во делот кај папакот. Едноставно ме фати паника, имав многу силни болки. Кога им реков што ми е, кога видоа дека имам температура се посомневаа да не го имам Ковид вирусот, но јас им реков дека јадев во Гранд Бургер и дека најверојатно е труење. Ми направија анализа, но не ми дадоа инфузија, ми зедоа крв и по неколку часа ми ја издадоа анализата и беше констатирана дека имам труење од мајонезот, салмонела чинам, вели Давид.

Симптомите од труењето продолжиле и во следните 3 дена. Давид се уште ја прима терапијата која му ја препишале докторите, иако вели дека денеска неговата здравствена состојба е нормализирана.

Во меѓувреме, се уште се чекаат резултатите од мострите од храна кои вчера АХВ ги земала во скопската сендвичара.