Македонија
26. јуни 2020 - 9:43

ДСЗИ го запре извршувањето на решенијата за самоизолација и карантин

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера донесе одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13 до 25 јуни 2020 за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во РМ со негативен PCR тест на Covid-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен PCR тест на Covid-19, а спроведените дејствија по решенијата се поништуваат.

-Во врска со барањето на Главниот координативен кризен штаб доставено до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за престанок на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Македонија со негативен PCR тест на COVID 19, се информира јавноста дека од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 25 јуни 2020 согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Сл.весник на РМ бр. 124/15 и 65/18) донесена е Одлука со која се запира извршувањето на сите решенија донесени од овој орган во периодот од 13 јуни 2020 до 25 јуни 2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во РМ со негативен PCR тест на Covid-19 и потпишана изјава како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен PCR тест на Covid-19, по нивното враќање во Република Македонија, од земја со висок /среден ризик за Covid-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во Слободен печат во текот на два последователни дена почнувајќи од 26 јуни 2020 година, а потоа и еднократно во „Службен весник на Република Македонија“.