Македонија
18. November 2016 - 14:13

ДС: Повлекување од изборниот процес на сите вклучени во прислушувањето

Демократскиот сојуз (ДС) по објавувањето на информациите од СЈО, по чија наредба незаконито се прислушувале граѓаните, што била целта и кој се бил „корисник” на прислушуваните разговори, бара одговорност и повлекување од изборниот процес на сите кои биле вклучени.

- Се потврдија сомненијата на ДС дека прислушувањето е вршено по налог на раководството на МВР, дека прислушувањето е вршено преку системите на МВР и дека корисници на прислушуваните разговори биле носителите на високи државни позиции. Пред две години и сега бараме, политичка и кривична одговорност за сите актери на ова злосторство и спрема сопствениот народ и држава, вели ДС во пишано соопштение до медиумите.

Од партијата посочуваат дека со изборите не може и нема да се покрие кршењето на човековите права и криминалот.