Македонија
22. December 2016 - 11:59

ДС: Да се конституира Собранието и да се формира Влада

Демократскиот сојуз смета дека е потребно најитно конституирање на новоизбраниот состав на Парламентот и избор на Влада која, како што велат од партијата, ќе ја предводи досегашната опозиција.

- Уставот е многу јасен, партијата или партиите што ќе покажат и докажат дека имаат мнозинство пратеници (најмалку 61), тие ќе го имаат мандатот да формираат Влада, што е извесно дека бројките и определбата на граѓаните е недвосмислена, се вели во денешното соопштение од ДС.
 
Повторните избори во Теарце, сметаат од партијата, во суштина ништо нема да променат и не треба "судбоносните одлуки да се врзуваат за исходот на гласањето, каде е можно повторно кршење на изборните правила“.