Македонија
3. March 2016 - 12:15

ДС: Да не се блокра работата на СЈО

Демократскиот сојуз бара од граѓаните и државни институции да соработуваат со Специјалното јавно обвинителство за да се надмине политичката криза и да се утврди одговорноста за нејзините креатори.

- Криминалот не е вредносна категорија туку зло кое ги разорува институциите и со кое мораме да се справиме на ефикасен начин, се вели во денешното соопштение од ДС.

При донесување на Законот за Специјалното јавно обвинителство, како што се потсетуваат од ДС, Павле Трајанов предложи амадман со кој се предвидуваше казна од најмалку три години затвор за секој граѓанин, односно пет години затвор за службено лице, доколку не ги достави бараните информации до СЈО. Амадманот беше одбиен.

Според Демократскиот сојуз само со силна политичка волја и определба, како и дефинирана конкретна одговорност за тие што ја попречуват правдата и подеднакво важење на законите за сите граѓани, можен е пресврт и отворање на перспективи за иднината на државата и младите генерации.