Македонија
16. May 2016 - 20:02

Државно - црковна делегација на аудиенција во Ватикан - Папата доби покана за посета на Македонија

Круна со охридски бисери рачно изработени во манастирот Рајчица - и длабока резба од флора и фауна од Македонија. Ова претседателот на собранието Трајко Велјановски му го подари на Папата Фрањо. Неговата светост возврати со уметничко дело кое симболизира сплотеност и три со авторски книги. Аудиенцијата во Ватикан траеше околу половина час. На средбата првиот парламентарец и поглаварот на Римокатоличката црква разговараа и за традиционалните семејни вредности и за мигрантската криза. Велјановски уште еденаш официјално го покани папата да ја посети нашата држава.

Претседателот на парламентот беше примен и од државниот секретар на Ватикан Пјетро Паролин.

Поглаварот на МПЦ г.г Стефан во присуство на државната делегација денеска ја во базиликата Санта Марија Маџоре ја освети поставената плоча во чест на браќата свети Кирил и Методиј

Иницијативата за поставување на плочата токму тука беше покрената лани.

- Плочата испишана на македонски јазик во чест на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј во Базиликата Санта Марија Маџоре беше поставена во март оваа година