Loading Video...
Фудбал
2. јуни 2020 - 19:40

Државниот здравствен инспекторат ја испрати цела Ренова во карантин

Здравствените власти не сакаат ништо да ризикуваат и испратија решенија до сите фудбалери на ФК Ренова да се повлечат во двонеделен карантин откако дел од играчите и спортскиот директор на клубот тестираа позитивно на Ковид -19
 
По препорака на Здравствениот санитарен и здравствен инспекторат сите членови на ФК Ренова било од администрацијата, стручниот штаб или екипата  кои биле во контакт со заразените играчи од Ковид-19 ќе мора да одат во 14-дневна изолација и карантин информираше тетовскиот клуб преку соопштение до јавноста. 
Ваквиот чекор доаѓа откако вкупно пет члена на клубот вклучувајќи го и спортскиот директор Фисник Нухиу добија позитивни резултати од официјалното тестирање. 
Од здравствената  институција е испратено решение за карантин до сите членови на клубот што го доведува под знак прашалник учеството на гипсарите  во рестартирањето на сезоната и воопшто продолжението на домашното фудбалско првенство. 
Играчите на Ренова треба да останат во карантин до 14-ти јуни датум за кога е закажан рестартот на македонскиот фудбал. Ситуацијата дополнително ја влошува и состојбата во ФК Шкендија каде двајца играчи беа тестирани позитивно но и најавите на ФК Шкупи и Струга Трим Лум дека не го прифаќаат тестирањето организирано од страна на Здружението на фудбалерите. 
На сомнежите во нивните тестови реагираа од  Ачибадем Систина од каде најавија кривични пријави  против Шкупи бидејќи се нарушува угледот на болницата особено што се работи за бесплатно тестирање преку синдикатот на фудбалери.