Македонија
1. јуни 2017 - 11:53

Државниот завод за статистика го одбележува Денот на македонската статистика

Државниот завод за статистика денеска го одбележува Денот на македонската статистика - 1 јуни.

Како што информираат од ДЗС, на свечениот собир што по тој повод се одржал денеска, во присуство на голем број учесници во статистичкиот систем на Република Македонија, даватели и корисници на статистичките податоци, статистичари и почитувачи на статистиката, зборуваа директорот на Државниот завод за статистика Лидија Костовска и заменикот-директор на Заводот Дејан Станков.

Поводот беше одлична можност за сумирање на постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочуваше Заводот и резултатите кои се плод на посветената работа на менаџментот и вработените во Државниот завод за статистика.