Македонија
29. January 2021 - 19:36

Државниот врв повика политиката да ги тргне рацете од пописот

Политиката да ги тргне рацете од пописот. Повиците за бојкот на статистичката операција нема да донесат ништо доброза државата. Ова е пораката која државниот врв ја упати денеска по повод донесениот зкаон за попис и реакциите на опозицијата на него. Шефот на државата Пендаровски, премиерот Зоран Заев, и собранискиот спикер Џафери заедно со директорот на Статистика Симовски и градоначланиците денеска на работен состанок.

Џафери побара од граѓаните да даваат точни податоци на попишувачите за тоа кој живее во домот, а кој е иселен.

 -Да смогнеме сили, да го оставиме настрана нашето себично размислување и да се издигнеме над ситуацијата, да ги прифатиме резултатите од пописот и да се поместиме веќе еднаш од таа мртва точка на која сме заглавени со нашиот анахрон ментален склоп за да не дојде ред да правиме попис на иселени и преостанати жители во Република Северна Македонија.

Дека нема потреба од бојкот на пописот порака испрати и Симовски.

Во статистичката операција на терен ќе бидат вклучени и општините. Секретарите на локалните самоуправи ќе бидат претседатели на пописните комисии во 50 региони, а општините ќе треба да обезбедат простории, интернет и логистика за попишувачите.

Законот за попис во понеделникот беше потпишан од шефот на државата и веднаш стапи на сила. Методологијата за пописот кој ќе се спроведува од 1 до 21 април, според најавите од Симовски, ќе биде конечно утврдена до среда.