Македонија
28. јуни 2022 - 9:46

Државниот секретар за култура Азири: Анти-албанец како Антонио Милошоски заслужува многу повеќе

Со реакција за инцидентот во македонското Собрание, со пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми на Фејсбук се огласи државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири.

-Антиалбанец како Милошоски заслужува и повеќе, времето на продавачите на магла заврши, новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги понижат Албанците, напиша Азири, кој во статусот додаде и емотикон со тупаница.