Македонија
16. December 2016 - 13:26

Државниот балет на мраз од Санкт Петербург со „Лебедово езеро“ во МОБ

Во Македонската опера и балет првпат во Македонија денеска и утре ќе гостува Државниот балет на мраз на Санкт Петербург, кој ќе ја изведе претставата „Лебедово езеро“ на Петар Илич Чајковски. 

Балетот е основан во 1967 година од истакнатиот кореограф Константин Бојарски и музичкиот директор Лео Корхин. Од 1995 почнал да одржува претстави низ оперските и балетските сали низ светот.

На својот репертоар ги имаат поставено најпознатите балетски претстави „Лебедово езеро, „Заспаната убавица“, „Оревокршачка“… кои се изведуваат на мраз, надополнети со грандиозна костимографија и сценографија.