Бизнис
19. March 2019 - 19:36

Државни субвенции ќе добијат и фирмите со намален број на работници

Дури и  да  им се  намали  бројот на работници фирмите ќе можат да добиваат државна помош. Со измените во законот за финансиска подршка за да ги добијат овие пари компаниите освен што нема да треба да  отвораат нови работни места, за средствата ќе можат  да аплицираат и доколку  им се  намали бројот на работници,  но не за повеќе од 5 проценти во однос на просекот од последните 3 години. Новите измени владата треба да  ги усвои денеска.

Има компании со по 100 или 200 вработени и да имаме намалување за двајца или тројца врабвотени веќе тие не можат да аплицирата за овие поволности, рече Биљана Пеева Ѓуриќ- СКМ

Вицепремиерот Анѓушев уверува дека никој намерно нема да отпушта вработени особено ако станува збор за добри работници.

Кога се донесе законот за финансиска подршка од Владата посочија дека една од  целите е да се зголеми  вработувањето  и животниот стандард на граѓаните.

Годинава државната подршка за домашните и странските фирми  ќе биде  околу 65 милиони евра. Се продолжувата и роковите за аплицирање до 30 септември, а се кратат и процедурите. Лани компаниите искористија 35 милиони евра буџетски пари.