Државната обвинителка на БиХ тврди дека пет години е незаконски следена и прислушкувана
Главната обвинителка на БиХ, Гордана Тадиќ, синоќа во интервју за телевизијата „Фејс“ од Сараево изјави дека знае дека пет години е подложена на илегален надзор и притоа ја потврди автентичноста на аудио снимката од разговорот со сега уапсениот шеф на Агенцијата за разузнавање и безбедност, Осман Мехмедагиќ, кој од неа бара истрагата за неговите спорни дипломи за завршено високо образование биде прекината.
-Со сигурност знам дека од првиот ден на функцијата сум незаконски следена, шпионирана и набљудувана. И тоа трае веќе пет години. Членовите на меѓународната заедница, исто така, се информирани за се, рече Тадиќ во интервју за „Фајс“.
Информациите за незаконското следење обвинителката, како што посочи, ги добила од високи разузнавачки кругови во БиХ, додавајќи дека веќе извесно време нејзиниот работен и приватен простор, како и возилата што ги користи, се озвучени.
Таа, исто така, во интервјуто ја потврди автентичноста на нејзиниот разговор со контроверзниот шеф на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ, Осман Мехмедагиќ -Осмица.
-Можам само да потврдам дека разговорот е автентичен. Имено, не е првпат лично да сум изложена на нелегален надзор и прислушкување, и тоа за мене не е ништо ново, рече Тадиќ.
Минатата недела, неколку медиуми објавија аудио снимка од разговор во кој шефот на ОСА очекува главната обвинителка да го отстрани обвинителот Олег Чавка од истрагата за неговите дипломи за високо образование, за кои подоцна беше потврдено дека се фалсификувани.
Засега не е познат точниот датум на креирање на оваа аудио снимка, но секако е создаден пред апсењето на шефот на безбедносната служба поради сомневања дека незаконски се стекнал со диплома за високо образование.
ОСА, од своја страна, соопшти дека аудио снимката е направена незаконски, додавајќи дека станува збор за напад врз безбедносната агенција, но и врз самиот директор Мехмедагиќ.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација