Бизнис
1. јуни 2016 - 19:38

Државна поддршка за вработување лица од социјален ризик

37 годишниот Дејан четири години бил без работа.  Мерката вработување на лица од социјално ранливите категории  му помогнала да дојде до работно место во градежна компанија, и да ја подобри својата егзистенција.

Скопската градежна фирма Идадија Инжењеринг  е еден успешен пример   во користењето  на  мерката.

Државата продолжува со  субвенции за вработување на лица од ранливите категории. Ќе бидат вработенини уште 100 тина. Огласот ќе се објави утре и ќе трае  еден месец.  Можат да аплицираат сите приматели на социјална парична помош, жртви на семејно насилство, лица кои што имале статус на деца без родители и родителска грижа,  и со  ниски приходи, како и компании кои што сакаат да вработата нов кадар со  ваквата помош. За оваа мерка од буџетото се обезбедени 270 000 евра.

Ова е прв оглас годинава, со претходните  до работа дошле над 120 лица од социјално ранливите категории во 114 фирми.

Освен оваа мерка во изминатиов епридо се воведува низа рпоекти за оваа категорија граѓани , зголемување на паричната помош, еднократен оптпис на долгови, субвенции за потрошена  струја.