Македонија
13. јуни 2019 - 16:47

Државата во жолта фаза, лекарите повикуваат да се почитуваат препораките

Топлотен бран ја зафати земјава. Температурата се доближи до 40-от степен. Министерството за здравство за денеска и утре прогласи жолта фаза.

Апелираат граѓаните да ги почитуваат пепораките за заштита од високи температури. Без потреба да не се излегува на сонце од 10 до 17 часот.

- Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. Малите деца да не се оставаат во затворени автомобили, изјави проф.д-р Михаил Кочубовски, од Комисијата за следење на состојбата и ефектите од високите температури.

Граѓаните на различен начин се справуваат со пеколните температури

- Не излегувам на топло. Седам дома. Повеќе течности, пред се вода, велат граѓани во анкетата на Сител.

Оние пак кои се на летување, лекарите советуваат задолжително да користат креми за заштита од сонцето бидејќи овој период  штетното УВ зрачење е многу високо.