Бизнис
6. May 2020 - 16:34

Државата побарала над една милијарда евра кредити

Од почетокот на корона кризата досега, Министерството за финансии побарало кредити во износ од над една милијарда евра. Дополнителната заменичка министерка за финансии вели дека во овој период потпишала документи за кредити од ММФ, Светска банка, Еворпската комисија. Ги потпишала и документите за  еврообрвзницата која треба да се издаде и ќе изнесува 800 милиони евра. Единственото барање за кредит кое дополнителната Кочоска засега не го потпишува е кредитот од Светска банка во висина од 90 милиони евра. Вели дека не добила документи за тоа на кој начин ќе се трошат овие пари.

„За да биде појасно, кредитите кои до сега ги потпишав се во износ од 1,186.5 милиони евра. Сите овие кредити се однесуваа за покривање на буџетскиот дефицит. Кредитот од СБ е строго наменски кредит. Тоа значи дека треба да има јасни калкулации зад сите ставки, кои ќе бидат финансирани. До овој момент, документите кои ми се дадени не вклучуваат јасни и детални калкулации“, вели Кочоска.

Од Владата велат дека веќе се во преговори со Светска банка за овој кредит. Се работи за пари наменети за справување со последиците од корона кризата,  дел ќе се трошат за здравство, а другиот дел ќе оди преку министертсвто за социјала.

„Втората компонента е за поддршка на домаќинствата и се однесува на обезбедување  поддршка за трансфери за ранливи домаќинства погодени од последиците од коронавирусот и паричен надоместок за оние кои ги изгубиле работните места како резултат на кризата. За дополнителна поддршка на ранливите семејства е и мерката со која околу 30.000 домаќинства, корисници на социјална помош, добиваат по 1.000 денари енергетски додаток, освен за месеците април и мај, се до септември, односно и надвор од грејната сезона“, информираше советникот на премиерот, Битиќи.

Според проценките на НБРМ, јавниот долг годинава ќе се зголеми за околу 5%, но точни калкулации ќе има дури откако МФ со ребаланс ќе ја пресмета дупката во буџетот.