Бизнис
11. јуни 2021 - 16:35

Државата не планира повлекување на Законот за продажба на државното земјоделско земјиште

Владата нема да отстапи од носењето на законот за продажба на државно земјоделско земјиште, но ќе бидат земени предвид забелешките. Работната група ќе комунирица со земјдоелските здруженија, министерот преку средби со земјоделците ќе ги објаснува бенефитите од законот. Ќе има и јавни дебати, а потоа ќе биде усвоен пречистен текст кој ќе биде испратен во собрание.

Текстот што го прелдожи Владата предвидува продажба на државното земјоделско земјиште пое вро за квадрат. ИДниот инвеститор по 10 години стопанисување на земјиштето ќе може да го претвори во градежно. Директорот на Светска банка во земјава вели дека има вакви примери во светот и верува дека Владата при подготовката на законот ги зема предвид овие искуства.

Владата и Светска банка договорија прокет за модернизација на змејодлествто кој ќе се реализира четири години и ќе обезбеди 50 милиони евра за модернизација на македонското земјодлество  преку формирање на систем на дистрибуција на земјоделските производи и храна, изградба на откупно-дистрибутивни центри, поголемо искористување на европските фондови.