Бизнис
4. July 2017 - 19:45

Државата на домашниот пазар се задолжи за 27 милиони евра, повеќе од што достасувааат за враќање

Државата издаде државни хартии вредни над  27 милиони евра. На денешната аукција се одлучи да запише подолгорочни хартии –  и тоа  една 15 годишна обврзница во вреденост од 7,5 милиони евра, како и едногодишни и  пологудишни записи со и без девизна клаузула.

Собраната сума е поголема од износот кој доспева утре за враќања. Според министерот за финансии се одлучиле на таков чекор заради  пониските камати кои се наудат, како и поголемата ликвидност кај банките.

Парите се потребни за финансирање на буџетскиот дефицит и за реализација на тековните расходи.

Министерот Тевдовски  вели дека задолжувањето на домашниот пазар ќе продолжи, но во комбинација со странското задолжување.

Затоа не  ја исклучува можноста и за издавање еврообвзница за отплата на долгот кој доспева наредната 2018 та година.