Бизнис
15. September 2019 - 16:39

Државата ќе се задолжи со 62 милиони евра - половина за враќање долг, половина за буџетски потреби

се за покривање на доспеан долг од претходно издадени државни хартии од вредност, додека другата половина од парите ќе бидат за сервисирање на буџетските потреби.

Од Министерството за финансии велат дека според планираното, овој месец државата требало на два пати да се задолжи преку емисија на државни хартии од вредност, на 10-ти и на 24-ти септември.

 “Од административно-технички причини аукцијата на 10ти септември не беше одржана, поради што Министерството закажа вонредна аукција на ДХВ за 17ти септември, согласно член 43 од Правилникот за ДХВ, со цел обезбедување на балансирано финансирање и управување со готовинските текови. Во моментот, нето задолжувањето преку ДХВ изнесува 58.8 милиони евра, додека планирани се 150 милиони евра со Буџетот за 2019 и Одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку ДХВ за 2019 година, донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија.”, објаснува министерката за финансии Нина Ангеловска.

Според податоците од Народната банка, на аукцијата во вторник ќе се тргува со 15-годишни државни обврзници вредни 44 милиони евра, а ќе се емитуваат и едногодишни државни записи во вредност од речиси 18 милиони евра.